106
Времето во земјата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од седум до 17 степени, а дневната температура ќе се движи од 18 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 24 степени.
Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.