Променливо време со дожд и ветер

од Nikola Popovski

УХМР информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 10 степени, а дневната од 12 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

Утринската температура ќе биде до 9 степени, а дневната до 20 степени.

Во среда ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени. Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски.

Слични содржини