Промоција на книгата „На крилјата на самовилското коњче“ во Пехчево: Развивање на еколошката свест кај најмалите

од desk4
452 прегледи

Во Пехчево беше промовирано делото “На крилјата на самовилското коњче” од авторката Александра Велинова. Промоцијата се одржа на Црнодолските водопади кај локалитетот Равна Река, место каде се родила идејата авторката да ја напише книгата. Главната порака на книгата, како што ја истакна авторката, е да се развие еколошката свест кај најмалите преку илустирации.

Авторката Александра Велинова изрази задоволство што нејзиното дело се враќа во Пехчевските водопади, каде ја добила идејата за книгата. Таа истакна дека пораката на книгата е да се развие еколошката свест и правилно однесување во природата, што не се однесува само на децата, туку и на возрасните. Илустрациите во книгата се автентични и ги претставуваат сите прекрасни природни места, како што се шумата во Малешевските планини и водопадите. Таа се надева дека овие места ќе бидат попосетени во иднина и дека ќе им помогнат во развојот на туризмот.

Организаторите на промоцијата беа Матичната библиотека “Кочо Рацин” и Општина Пехчево. Директорката на библиотеката, Габриела Костадинова, истакна дека главните ликови во книгата се Алексеј и самовилското коњче. Книгата, иако мала по обем, има богата содржина и силна еколошка порака.

Во рамки на промоцијата, ученици од деветолетката Ванчо Китанов читаа извадоци од книгата во соработка со својот ментор. По завршувањето на промоцијата, учениците добија по еден примерок од книгата како подарок од авторката.

Издавањето на книгата “На крилјата на самовилското коњче” беше поддржано од Министерството за култура.

Слични содржини