Агенцијата за филм годинава на 71.Кански филмскси фестивал стави акцент на унапредување и подобрување на промоцијата на Македонија како дестинација за снимање поради што подготви и посебна веб-страница www.filmingmacedonia.com за која беа изработени промотивни слајдови со фотографии од најатрактивни локации за снимање.

Дополнително, на 9 мај во дневните изданија на списанието „Холивуд репортер“ Агенцијата за филм закупи простор за објава со која се направи промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.