Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана книгата „Фредерик Шопен – поетот на музиката“ од пијанистката Даница Стојанова, во издание на Друштвото за издавачка дејност „Паблишер“.
– Книгата е наменета за сите млади уметници кои го изучуваат пијаното, но е напишана така да биде достапна и за широката популација, за сите вљубеници во најубавата уметност – музиката. Музиката на Фредерик Шопен е мост што ја поврзува Полска со светот, а сите нас не облагородува со своето богатство со кое бесконечно не задолжи, вели авторката, проф. Стојанов