Промоција на концептот за овластен економски оператор

од Vlatko K
85 прегледи

Владата денеска ќе го промовира концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори.

Концептот на ОЕО може значително да придонесе кон поедноставувањето и забрзувањето на царинските постапки и олеснувањето на трговијата, се наведува во соопштението.

На настанот е најавено обраќање на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.