Во мултимедијалниот центар на Матица од Скопје, во Паркот на книгите денеска ќе биде промовирана монoграфијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски. За делото на познатиот македонски сликар ќе зборуваат професорката Кристина Николовска и Маја Чанкуловска.

По повод промоцијата на монографијата ќе биде отворена и изложба на триесет цртежи од авторот, создадени во изминатите пет децении. Антонио Павловски ќе рецитира стихови посветени на уметникот од Ефтим Клетников, Раде Силјан, Гордана Михаилова Бошнакоска, Панде Манојлов и Олгица Марковска.
Овој издавачко-сликарски чин ќе биде збогатен со музички настап на виртуозот Драган Даутовски.