Промоција на публикација „Правна анализа на стандардите за судска етика“

од Марта Пешевска
99 прегледи

Здружението на судиите  денеска ќе ја промовира публикацијата „Правна анализа на стандардите за судска етика“.

Публикацијата ги анализира постоечките состојби и практики на судиската етика во земјава, со компаративен осврт на земјите од регионот и позитивните ЕУ практики, како дел од проектот „Подобрување на механизмите за зајакнување на судската етика – споделување на добрите практики во регионот и ЕУ“, финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во земјата, кој Здружението го спроведува како имплементирачки партнер во соработка со холандското Здружение на судии и Здружението на судиите на Република Србија.

Во светло на реформскиот процес на правосудниот сектор што е во тек и континуираните заложби на Здружението кон обезбедување независно и самостојно судство, главната цел на проектот е поддршка за иницијално функционирање и развој на Советодавното тело за судиска етика, што ќе доведе до воспоставување на само-регулаторни механизми за промоција и почитување на принципите на Кодексот за судиска етика од страна на судиите