Промоција на веб порталот: Justice observers

од Vlatko K
87 прегледи

Центарот за правни истражувања и анализи, во рамките на проектот „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството” денеска ќе го промовира веб порталот: Justice observers.

Веб порталот е платформа каде тим од меѓународни и национални правни експерти ги разгледуваат меѓународните и националните практики и работата на националните судови, анализираат и коментираат одлуки на домашните судови и предложуваат насоки за зајакнување на воедначеноста на правната аргументација на судовите во Македонија.