Промовиран романот „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп

од Vladimir Zorba
137 прегледи

 Романот „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп (Милош Димковски) беше промовиран синоќа во Куманово.

Книгата е наменета за читателската публика која ужива во комбинација на авантура, мистерија, филозофија, гледана од перспективата на млад човек кој како номад е во потрага по место кое значи дом, односно внатрешен мир.

– Сите се прашуваме што е дом и си поставуваме прашања за нашата припадност. Свесни сме во какво општество живеееме и дека не припаѓаме овде и сега, туку бараме и веруваме дека некое друго парче земја ќе биде многу попријатно за нас. Оние кои ќе ја прочитаат книгата ќе увидат дали главниот лик ќе го пронајде домот на парче остров, изјави Димковски.

Романот е напишан врз база на искуството што го има младиот кумановец кој автостоп ги поминал државите во Европа, патувајќи три години, поминувајќи над 30.000 километри.

Книгата е во издание на „Матица“. Романот е второ дело на 25- годишниот кумановецот, откако во 2011 година го објави романот „Парада на марионетките“.

Освен во Куманово, романот претходно беше промовиран во Скопје, а ќе следи и промоција во останатите градови од државата.