Пронајден мртов рускиот командант кој надгледуваше колеж на украински војници

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од најозлогласените команданти на рускиот претседател Владимир Путин, потполковникот Димитри Лисицки, бил убиен од куршум, се вели во извештаите.

Постојат различни приказни за неговата смрт. Украинците велат дека бил „ликвидиран“ како одмазда за колењето на стотици нивни војници при повлекувањето од т.н. „Иловајско котла“ во 2014 година.

Руски извори, пак, велат дека Лисицки си го одзел животот со ловечка пушка во кујната на својот дом во Севастопол, бидејќи бил во депресија поради војната во Украина.

Лисицки, одликуван со највисоките руски одликувања, вклучувајќи го и Орденот на херој на Русија, беше командант на првиот јуришен баталјон во рамките на 247-от полк.

Неговата смрт прв ја пријави украинскиот новинар Јуриј Бутусов, кој тврди дека силите на Киев „повторно го одмаздиле Иловајско со ликвидирање на Димитриј Лисицки“, пишува „Дејли Мејл“.

Неговиот полк претрпе „тешки загуби“ додека Русија се повлекуваше од Харков минатата година, а „ликвидацијата на Лисицки сериозно ќе ја ослабне борбената готовност на полкот“, тврди Бутусов.

Од друга страна, руски извори велат дека телото на Димитриј Лисицки било пронајдено во неговиот дом во Севастопол.

Колегите велат дека Лисицки неодамна бил многу депресивен поради „забелешките за неговите незаконски потези против воениот персонал“ за време на војната во Украина. Не е прецизирано за какви забелешки станува збор.

Слични содржини