Пронајден динамит при претрес во беровско Митрашинци

од Vladimir Zorba
227 прегледи

При претрес во домот на Б.Б. (63) во беровското село Митрашинци, извршен по судска наредба, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и девет метри бавногоречки фитил, соопшти денеска МВР.

Б.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.