419
На 05/06.03.2022 во временскиот период од 23.30 до 01.30 часот, по претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Полициската станица за општа надлежност Битола и Отсекот за криминалистички работи Битола во координација со Државен пазарен инспекторат, спроведена е акциска контрола во објект лоциран во индустрискиот дел на Битола, во хала, изнајмена за организација на музички настан.
При контролата затекнати се пет малолетници под дејство на алкохол, а И. П. (18) од Прилеп е лишен од слобода по чл. 215 од КЗ затоа што кај него пронајдени се марихуана и екстази.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирани се неправилности при што објектот е затворен, а по документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.