191
Вчера во 12.35 часот во СВР Штип, од Казнено поправен дом Штип било пријавено дека околу 12.15 часот во полуотвореното одделение на прозорец во затворот била пронајдена прашкаста материја, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.