ПРОНАЈДЕНА КИДНАПИРАНА ЖЕНА : Заврши драмата на Јадранот

од Stefanija Kuzmanovska
428 прегледи

Во Истра маж киднапирал жена и побегнал. Жената е пронајдена, а потрагата по киднаперот продолжува, потврдиле од полицијата за index.hr.

Жената била киднапирана од паркингот во Умаг околу осум часот наутро.

Таа ќе биде пренесена на лекарски преглед за да се утврди дали има повреди.

Полицијата интензивно трага по мажот, соопшти истарската полиција.

„Полицијата утринава околу 8 часот добила пријава за киднапирање на жена од паркингот во Петровија. Според досегашните информации, мажот ја турнал жената во автомобил и со неа тргнал во непознат правец. Жената е пронајдена во градот Мателиќи благодарение на брзата реакција на полициските службеници. Полицајците трагаат по мажот кој е во бегство. Полициските службеници од ПС Умаг со подружница Буја и службеници на специјалната и интервентната полиција се вклучени во потрагата“, соопштија од полицијата.

Слични содржини