316
МВР соопшти дека откриена е работилница за оружје во скопското село Љубин, при што приведено е едно лице.
Според информациите , вчера полицијата запрела возило „опел зафира“, управувано од М.Ш. (38) од с. Љубин. При преглед на возилото пронајдени се 300 куршуми различан калибар. По извршен претрес во домот на М.Ш. во село Љубин откриена е работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција.
М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.