Пронајдени девет сириски мигранти во патничко возило на регионалниот пат кон село Милетково

од Vladimir Zorba

Девет сириски мигранти се пронајдени во патничко моторно возило „бмв Х6“ со скопски регистарски ознаки вчера во 18 часот на регионален пат 1102 кон село Милетково од полициски службеници од Полициска станица Богородица.

Лицата мигранти се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка.

Возачот го напуштил местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини