34
Граничната полиција на Црна Гора на преминот „Божај“ уапсила државјанин на Македонија, З.Н. (56), бидејќи при увидот во едно од возилата што ги превезувал на камион со приколка, полицајците пронашле муниција.
Соопштено е дека З.Н. управувал тешко товарно моторно возило со албански регистарски таблички и приклучена приколка на која имало седум патнички моторни возила.
Во едно од возилата марка „ферари“ биле пронајдени четири парчиња муниција со калибар од 9 мм, пренесуваат црногорските медиуми.
По наредба на дежурниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, З.Н. е лишен од слобода со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело недозволено држење и носење на оружје и распрскувачки материи.