Пронајдени нож и импровизиран кревет пред гаражата на Кацарска

од Nikola Popovski
552 прегледи

Упатени закани кон претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Судијката пријавила во полиција дека пред нејзината подземна гаража во центарот на Скопје пронашла импровизиран кревет и нож.

-На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Од полицијата потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кацарска беше избрана за уставна судијка во 2020 година, а од 2021 е претседателка на Уставниот суд. Пред изборот зад себе имаше 38 години стаж во судството, од кои 34 како судијка.

Пред да стапи на функцијата во Уставниот суд, како судијка во Основниот суд Скопје 1, Кацарска го судеше најобемниот предмет, за настаните од 27 април и случајот „Тенк“ за начинот на набавка на блиндираниот „мерцедес“, во кој на затворски казни се осудени Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски.

Слични содржини