Пронајдени ретки отисоци од диносаурус на островот Скај

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Десетина ретки отисоци од диносауруси направени пред 170 милиони години се пронајдени на шкотскиот остров Скај.

– Колку повеќе го пребаруваме островот Скај, толку повеќе отисоци пронаоѓаме, изјави Стив Брусејт од Геолошкиот универзитет во Единбург.

Фотографија: Гардијан

Пронајдените отисоци им припаѓаат на сауроподите и тераподите од средината на периодот Јура. На овој локалитет се пронајдени два вида на диносауруси – долговратиот бронтосаурус и ти-рекс.

Откритието е исклучително значајно, бидејќи претставува еден од ретките доказни материјали од овој период, од кој се пронајдени само неколку фосилни локалитети./МИА