ПРОНАЈДЕНИ ВИРУСИ стари 15.000 години: Се криеле во глечер на тибетската висорамнина

од Stefanija Kuzmanovska

Научници откриле досега непознати вируси кои датираат од пред 15.000 години во примероци мраз од глечерите на тибетската висорамнина.

Откриените вируси се различни од оние што претходно ги снимиле научниците, покажува студијата објавена претходно оваа недела во списанието „Микробајом“.

Тим научници кои ги проучуваат климатските промени и микробиолози од Државниот универзитет во Охајо откриле вируси во два примерока мраз извадени во 2015 година на врвот Гули, во западна Кина на околу 6.700 метри надморска височина, пренесува Си-Ен-Ен.

Примероците од мразот биле земени од глечерот на длабочина од околу 310 метри, потврди еден од водечките автори на студијата, микробиологот Џипинг Џонг.

Научниот тим го анализирал мразот и откри 33 вируси, од кои најмалку 28 не ѝ биле познати на науката од порано, но кои успеале да преживеат бидејќи биле замрзнати.

Според заклучоците објавени во студијата, пронајдените вируси најверојатно потекнуваат од почвата или од растенија, а не од луѓе или животни, тие се прилагодени на живот во екстремни услови и не би биле штетни за луѓето.

Слични содржини