Вчера во 19.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ореш”, атар на с.Ново Село, било пронајдено починато машко лице.
Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители.