Пронајдено човечко тело во поодмината фаза на распаѓање

од Nikola Popovski
451 прегледи

МВР известува дека во близина на филтерна станица во Велес било пронајдено човечко тело во поодмината фаза на распаѓање.

На 06.01.2023 година во 12:25 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на филтерна станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза.

На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје.