Пронајдено е лицето одговорно за доменот „vaksajns.mk“

од Nikola Popovski

Министерството за здравство во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој вчера создаде збунетост кај граѓаните за тоа каде треба да се пријават за вакцинација, а денес веќе е пронајдено лицето кое е одговорно за доменот. Станува збор за извесен Адил Бакиу, кој се огласи на социјалните мрежи по тој повод.

„Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години“, напишал Бакиу во неговата објава.

Доменот vaksajns.mk внесе дополнителен проблем, особено кај оние што вчера со часови се обидуваа да се пријават на страницата vakcinacija.mk креирана за оваа намена, која поради технички проблеми бавно ја вршеше регистрацијата, но кон крајот на денот профункционира, со отстранување на безбедносниот кодот што го кочеше пријавувањето.

Од Министерството за здравство денес информираа дека вкупно 23.924 граѓани досега се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19.

Веб страницата беше пуштена во функција вчера, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

 

Слични содржини