367
Пронајдено е тeлото на 16-годишното момче кое завчера исчезна во водите на Преспанското Езеро.
Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска било пронајдено телото на 16-годишното момче кое на празникот Илинден се удави во водите на Преспанското Езеро.
-Денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен .По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција – информира МВР.