Пронајдено телото на познатиот тв водител: Градоначалникот на грчкиот остров ја откри причината за неговата смрт

од Nikola Popovski
356 прегледи

Телото на британскиот тв водител и доктор Мајкл Мозли, кој исчезна на грчкиот остров Сами, е пронајдено во близина на пештера недалеку од плажа. Како што изјавија надлежните, пештерата во која е пронајдено телото е на само десетина метри од плажата, но потрагата траела со денови бидејќи телото било до висока дрвена ограда, која го попречувала погледот. Телото било препознаено по облеката.

– Човекот ја поминала целата рута, стигнал до својата дестинација и на 10 метри од плажата се сопнал и паднал… Не знам што да кажам, 200 луѓе се на оваа плажа секој ден и многу чамци доаѓаат и одат секој ден, изјавил градоначалникот на островот, Лефтерис Папакалодукас.

Според грчки „Катимерини“, се верува дека можеби Мозли доживеал вртоглавица или се сопнал, поради што паднал во морето.

Претрагите се вршеа по копно и море и утринава биле концентрирани западно од плажата Агиа Марина и пештерата Фриос, директно спроти истоимениот остров, особено тешко пристапно подрачје.

Тој исчезнал во средата откако ја оставил сопругата на плажата Агиос Николаос за да оди на прошетка околу 13.30 часот по локално време.

67-годишниот доктор Мозли, кој бил без телефон, подоцна бил пријавен за исчезнат од неговата сопруга.

Грчката полиција, пожарникари, туристи и локални волонтери ја фокусирале својата потрага во карпестата област северно од селото Педи, каде што последен пат беше виден.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Слични содржини