1,2K
Нуркачите од САЕ Тигар на МВР вчера во 19.12 часот го пронајдоа телото на удавениот штипјанец и го извлекоа од водите на Дојранското Езеро. Веста ја соопштија од МВР, откако по неколкучасовна потрага телото на удавениот штипјанец на 42 годишна возраст беше лоцирано во водите на Дојранско Езеро.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.
Несреќата се случила вчера околу 11:30 часот.
Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива, а засега нема податок дали имал безбедносен елек.