Пронајдено телото на стружанецот кој во неделата се упатил да бере печурки и не се вратил

од Nikola Popovski
218 прегледи

Вчера е пронајдено телото на 60-годишниот стружанец К.М. кој од неделата беше пријавен за исчезнат во реонот на селото Брчево.

Телото на 60-годишниот стружанец било пронајдено без траги на насилство. Смрт констатирала медицинска екипа.

-Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Соседите од селото рекле дека К.М. на 20-ти октомври до 16:30 часот не се вратил во својата викенд-куќа. Лицето за изчезнато е пријавено еден ден подоцна од неговиот брат Љ. М.

Во ваквите случаи потрагите можат да траат со денови местото каде беше исчезнат стружанецот е комплициран планински терен со густа вегетација и многу тешко прооден и за луѓе кои пешки пристапуваат.

Од Планинската спасителна служба велат дека ова не е прв ваков случај. На 18-ти октомври исчезна белгиски турист кој планирал да планинари во охридско – струшкиот регион кон Албанија. И покрај темелното пребарување сеуште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.

Слични содржини