Пропадна и денешниот обид за избор на наследник на Кацарска

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Уставните судии ниту денеска не успеаа во петтиот обид да изберат нов претседател. Во два наврати судиите гласале за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство. Оттаму информираат дека со согласност на сите судии било договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3-ти јуни.

Вчера ниту една од кандидатките не ги доби потребните гласови. Во трка беа судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.

Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд.

Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор. На се уште актуелната претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска, мандатот ѝ завршува на 2-ри јуни.

Слични содржини