Пропадна и седмиот обид за избор на нов претседател на Уставен: Данева се повлече, Бозаџиева не го доби потребното мнозинство

од Nikola Popovski
482 прегледи

Судијката Ана Павловска Данева ја повлекла својата кандидатура за наследник на Добрила Кацарска, информираат од Уставениот суд. Се наведува дека и нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство, па оттаму ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен.

Ова беше седмиот обид на членовите на Уставниот суд, откако пропаднаа шестте претходни за да се избере нов претседател на Судот.

Во петокот, во два наврати судиите гласале за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство.

Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд. За избор на претседател на Уставниот суд е потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број судии или најмалку шест гласа за еден од кандидатите. Изборот се врши согласно член 7 од Деловникот за работа на судот. Гласањето е тајно.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Вчера на 2-ри јуни, заврши мандатот на досегашната претседателка на Уставниот суд, Добрила Кацарска. На прес-конференција во средата (29.05), судијката оцени дека мандатот го завршува со чувство на исполнетост, водејќи се од идејата дека правдата секогаш ќе биде императив.

Слични содржини