Просечната плата во ноември 38.359 денари

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација (22. 0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината (19.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.0 %), Рударство и вадење на камен (5.9 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари. Тоа значи дека таа е помала за дури 484 денари во однос на октомври кога изнесувала 38.843 денари .

Слични содржини