Просечниот работен век во Европската Унија е 37,2 години и продолжува да расте, но разликите меѓу земјите се големи. Додека работниците во Холандија и Шведска работат над 43 години, во балканските земји како што се Турција и Црна Гора, тој број едвај надминува 30, пишува „Бизнис инфо“.
Просечниот број години што Европејците ги поминуваат работејќи се зголемува, но разликите меѓу земјите остануваат огромни.
Најкраткиот очекуван работен век е забележан во Југоисточна Европа и на Балканот, меѓу земјите кандидати за ЕУ – Турција (30,2), Македонија (31,5) и Црна Гора (32,1).
Податоците за Македонија и Црна Гора се однесуваат на 2018 година.