Протеини кои помагаат при слабеење

од Vladimir Zorba

Храната богата со протеини помага во одржување на здравјето и градење на нормални ткива, особено мускули. Протеините се големи биомолекули составени од аминокиселини кои учествуваат во основните животни процеси.

Сепак, важно е да се напомене дека иако диетата со протеини може да има повеќе здравствени придобивки, секогаш е добро да имате урамнотежена исхрана што вклучува и витамини и хранливи материи кои се неопходни за вашето тело.

Протеинот е многу важен во исхраната, поточно, тој е една од основните групи на храна што треба да ја јадете. За човечка употреба во исхраната, тие најчесто се од животинско или растително потекло. Протеините добиени со помош на микроорганизми се користат и за медицинска употреба.

Храната богата со протеини треба да биде вклучена во исхраната и за да ве одржи сити подолго и за да изгубите тежина.

Јајца

Јајцата се меѓу најхранливите намирници во светот. Затоа, не е изненадувачки што тие навистина се едни од најдобрите извори на природни протеини. Покрај тоа, тие се полни со витамини, минерали, здрави масти и антиоксиданти.

Ќе го збогатат вашето тело со витамини А, Е, Б5, Б12, како и железо, јод и фосфор. Тие можат да се јадат во различни форми за појадок. Одлични се за слабеење, а исто така го забрзуваат метаболизмот.

Може да најдете протеини во цели јајца, но најмногу белката содржи чист протеин. Едно поголемо јајце содржи до шест грама протеини. Единствениот недостаток на јајцата е што тие не се погодни за луѓе кои се алергични на нив или се вегани.

Морска храна

Туна, лосос, ракчиња и ракови се богати со протеини и калиум. Масните риби како лососот содржат омега-3 масни киселини кои имаат неверојатни здравствени придобивки и се многу хранливи.

Лососот е риба богата со здрави масти што значи дека е полн со здрави омега-3 масни киселини. Исто така е одличен извор на протеини, кој во комбинација со масти, предизвикува поголемо чувство на ситост.

Ракчињата се исто така одличен извор на здрави масти, витамини, минерали и се посебни поради нивниот исклучителен вкус. Можете да ги користите за да подготвите вкусни тестенини, салати и намази. Сепак, нивниот единствен недостаток е слабата достапност и високата цена.

Туната, како и сите видови риби, има малку маснотии и калории, но е богат извор на протеини. Исто така е одличен извор на омега-3 масни киселини кои го зголемуваат здравјето на срцето и мозокот.

Месо

Месото е одличен извор на протеини. Може да јадете месо како говедско, свинско, пилешко и мисиркино. Одлични се за градење мускули, зајакнување на имунитетот и енергијата во вашето тело. Тие исто така помагаат во согорување на калориите и ве прават сити.

Говедското месо нуди навистина голема количина протеини по порција. Сепак, постои разлика во тоа каков вид говедско месо јадете. Чистото говедско месо има повеќе протеини. Покрај тоа, содржи железо, како и витамин Б12.

Пилешки гради се една од најпопуларните храна од животинско потекло богата со протеини. Препорачливо е да ги јадете без кожа затоа што содржат помалку калории. Само 100 грама пилешки гради содржи дури 31 грам протеини.

Соја

Сојата е уште еден растителен протеин кој може да се јаде во различни форми. Совршен е за вегетаријанци кои бараат протеинска храна за јадење. Сојата промовира губење на тежината и има неколку здравствени придобивки, пишува „Пинк Вил“.

Протеините, заедно со јаглехидратите и мастите, се класифицираат како макронутриенти и се важен дел од секоја клетка во телото.

Примарна улога е да се создадат и санираат оштетените ткива, но исто така и да се произведуваат ензими, хормони и други хемикалии во организмот. Затоа е навистина важно да ги надополнувате по какво било физичко оптоварување кога ќе се намалат резервите на протеини во организмот.

Слични содржини