Протеинска салата

од Stefanija Kuzmanovska

Оброк салата готов за само 10 минути.

Состојки:

– 1 конзерва туна

– 1 мала лименка слатка пченка

– 1 ротквица

– 1/2 свежа краставица

– 1/2 виолетова главица кромид

– сол, бибер

– кисела павлака

– лисја од зелена салата

– малку сок од лимон

Подготовка:

Зелената салата убаво измијте ја, исушете ја и искинете ја во големина што ви одговара.

Исцедете го маслото или водата од туната. Зачинете со сол и бибер.

Во туната додадете ситно сечкан кромид, ротквици, свежа краставица и исцедена слатка пченка.

Наполнете ги листовите зелена салата со смесата.

Се заедно прелијте со кисела павлака и посипете со сок од лимон.

Слични содржини