Протеран албански државјанин кој нападнал туѓа сопруга

од Nikola Popovski
236 прегледи

Охридскиот суд протера албански државјанин кој претепал туѓа сопруга, информираат од МВР.

На 23.11.2022 година во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил.

По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“.

Слични содржини