Протест „Кога пилите ќе стивнат“ против уништувањето на зеленилото

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Иницијативата Зелен хуман град за денес со почеток во 12 часот закажа протест против уништувањето на зеленилото и за зачувувањето на белите дробови на главниот град.

Сечењето на дрвјата на „Орце Николов“ е последниот инцидент, па покрај искажувањето револт за него, граѓанските организации здружени во иницијативата Зелен хуман град утре ќе побараат ревизија на проектот за реконструкција на оваа улица; пријави по службена должност доколку имало несовесно работење; Град Скопје и општините во иднина задолжително да ги презентираат проектите за реконструкција на улици со цел да не се повтори ваков случај; задолжително на веб-страниците да се објавуваат решенијата за сечење зеленило; да се ажурира Зелениот катастар и тоа да биде обврска во иднина…

Според најавата за денешниот протест, демонстрантите со една минута молк ќе им оддадат почит на паднатите дрвја, ќе остават цвеќиња, но ќе испратат и порака дека повеќе не смее да падне ниту едно друго дрво на улицата.

Слични содржини