Вечерва пред Владата се одржува протест за најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе се прифати францускиот предлог.
-Браќа и сестри Македонци тука се собравме да го искажеме незадоволството. Жал ми е што сме малку, но нема да не спречи тоа за да го кажеме она што го мислиме ние Македонците не разговараме и нема да поддржиме никаков компромис затоа што ова не е компромисен предлог, кажа еден од говорниците.
Денеска Ковачевски истакна дека со него се зачувува македонскиот јазик и идентитет.
-Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет, порача Ковачевски.