Протест во Битола за ослободување на Ламбе Алабаковски

од Nikola Popovski
319 прегледи

Денеска во Битола со почеток во 18:00 часот се одржа протест за ослободување на пејачот Ламбе Алабаковски, кој доби 8 дена притвор за палењето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Протестот беше одржна пред полициската станица во Битола. Беа испратени пораки за поддршка на пејачот.

„Слобода за Ламбе“, „Смрт за фашизмот, слобода за народот“, беа дел од паролите и извиците упатени од протестот.

-Затоа се собравме овде за да побараме слобода за еден наш сограѓанин. Токму реакцијата на Ламбе е тоа што сите ние го чувствуваме за фашизмот. Ламбе е крик на македонската бунтовност. Бараме ослободителна пресуда, порачаа говорниците на протестот.

Во текот на вчерашниот ден партијата Левица, односно нејзиниот огранок од Битола се јави како организатор на протестот.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против Алабаковски за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од клубот, ставил фитил на прагот и го запалил.

Слични содржини