Протест во Гази Баба против центар за зависници

од desk2
126 прегледи

Жителите на Гази Баба денеска протестираа против идејата за центар за одвикнување од зависности во нивната населба. Тие ја блокираа и главната улица Перо Наков со транспаренти со кои бараат властите да се повлечеле од идејата центарот за зависници од Кисела Вода да го дислоцираат во една од просториите на поранешната фабрика Металски завод Тито која се наоѓа во Маџари.

Според локалните жители центарот би преставувал опасност за нив и нивните деца.

“Ние не сме против изградба на ваков центар, но тоа треба да го направат на изолирано место, на некоја ливада, а не тука, среде населено место каде што има градинки и училишта. Овде ќе биде хаос. Се плашиме за нашиот и за животот на нашите деца” вели една жителка на Маџари.

Тие најавуваат радикализација на протестите ако локалната и централната власт не го послушала нивното барање./RSE