Втор ден протести на жителите на Кисела Вода. Кружниот тек кој се гради на последната автобуска станица 24 во месноста Припор ги извади на улица жителите поради како што велат инфраструктурниот проблем кој предвидува изградба на два ѕида кои ќе го блокираат пристапниот пат, јави 24 Вести.

Тие веќе со месеци се гушат во прашина бидејќи градежните работи не запираат иако се спротивни на урбанистичките планови. Граѓаните најавуваат радикализација нна протестите. Велат ако треба ќе подигнат и шатори.
Жителите од населбата Припор велат дека ќе поднесат претставка до Град Скопје бидејќи изградбата на двата ѕидови како што велат не била во согласност со деталниот урбанистички план со кој што требало и двете улици да се поврзат со кружниот тек којшто се гради.