Протест за „Монструм“: Демонстрантите растерани со шок бомби, приведени осум лица

од Берта Китинска

Во денешните протести по пресудата за случајот „Монструм“ беа повредени седум полицајци, а приведени осум лица.

Во судирите со полицијата, демонстрантите фрлаа со разни предмети, беше нападната новинарската екипа на „МИА“ и „Слободен печат“.

Полицијата по дадените изјави на организаторите, ги растера демонстрантите со шок бомби.

Пресудата за случајот „Монструм“, кој се однесуваше на петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше изречена на 23 февруари во Основниот кривичен суд.

Доживотни казни затвор добија обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, 15 години затвор доби обвинетиот Фејзи Азири и девет години затвор доби обвинетиот Хаки Азири. Ослободен од обвинението беше Сами Лута. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се избегани во Косово.

Ова не се први протести што ги организираат роднините на осудените. Тие протестираа и по завршните зборови на обвинителството во кои Фатиме Фетаи остана на обвинението за тероризам и побара најстроги казни.

Слични содржини