СДСМ најави дека ќе се приклучи на денешниот граѓански протест пред Уставниот суд со цел да се спречи укинувањето на Законот за помилување со што на претседателот на Македонија ќе му се овозможи да помилува лица одговорни и за изборни криминали и нерегуларности.
Протестот го организира платформата за граѓанска политика „Ајде“ и тој ќе започне пред Владата на Македонија, а ќе заврши пред Уставен суд. Од „Ајде“ соопштија дека пред судот ќе останат цела ноќ за симболично да бдеат над Уставот бидејќи за утре е закажана нова седница на Уставниот суд. На неа се очекува да биде разгледува иницијативата за укинување делови од Законот за помилување, кои забрануваат Претседателот на државата да помилува осуденици за изборен криминал и други тешки кривични дела.
Во исто време во близина на Уставниот суд вечер треба да се одржи и протест на кој повика Стевче Јакимовски ,лидерот на партијата ГРОМ која е коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ.

Фокус : ХОРОТ НА ГУСКИТЕ !
Од таму велат дека тие здушно ќе протестираат, ама дека не станувало збор за контра протест туку за поддршка за институциите.
И додека Стевче повикува член на ВМРО-ДПМНЕ До А1он ја испратил оваа порака која денеска ја добиваат членови на партијата и вработени во јавната администрација.
![povik-1-315x320[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/03/povik-1-315x3201.jpg)
„Ве известувам дека утре е задолжително присуство на членството пред платото на Македонската опера и балет во 17:30 часот. Секое отсуство ќе биде евидентирано. Во недела, 20.03.2016, во салата јане Сандански ќе се оддржи Отчет со почеток во 18 часот. Имате обврска да ми доставите инф. за присуството“, стои во пораката.
Стевче Јакимовски, од ГРОМ, вели дека само тој организира протест во исто време и на исто место, како што рече во одбрана на судиите.