Протестен собир во Скопје за солидарност со граѓанските протести во Србија

од Nikola Popovski
51 прегледи

Денеска 30 декември во 12:00 часот, Здружението за едукативен развој Еквалис организира протестен собир за солидарност со граѓан(к)ите на Србија, којшто ќе се одржи пред Амбасадата на Србија во Скопје. Еквалис го организира овој протест за да испрати, како што велат, силна порака на поддршка и поттик за истрајност кон храбриот српски народ кој со длабока посветеност сака одлучно да го симне авторитарниот режим и да побара политичка одговорност за случајот со срушувањето на настрешницата во Нови Сад во којшто беа убиени 15 луѓе, меѓу кои и еден македонски граѓанин.

-На овој протест солидарно ќе им дадеме поддршка на студент(к)ите во Србија кои ги окупираат факултетите и пробуваат да ја ослбодат својата држава на најавтентичниот начин на којшто младите може да го направат тоа. Како држава којашто во своето демократско растење се има ослободено од авторитарноста преку Студентските пленуми, окупациите на факултетите и прогласувањето на факултетски автономни зони, нам, овој чекор не ни е непознат и нов и знаеме колку посветеност, храброст и истрајност се потребни да се застане на ваков начин во одбрана на својата држава. Во таа чест ќе го прочитаме говорот и обраќањето на студентот Бошко Ристиќ од Нови Сад. Говорот ќе биде прочитан од страна не неколку студент(к)и од Скопје, информираат од Еквалис.

Со овој протест, додаваат оттаму, се приклучуваме кон барањата на студент(к)ите од Нови Сад коишто ќе бидат прочитани на протесниот собир.

Слични содржини