Протестите се одржуваат денеска во 50 американски држави против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, објавија светските новински агенции. 
Илјадници не се согласуваат со ваквата инволвираност на властите . Неколку часа порано беше објавено дека голем број луѓе се собрале да го изразат незадоволството од Трамп.
Имаше слогани на англиски и шпански како “Јас се грижам”, “Каде се децата?” и други.
Вчера актерката Сузан Сарандон соопшти дека била една од речиси 600 жени кои биле уапсени на протест во поддршка на мигрантите пред зградата на Сенатот во САД, информира БиБиСи.
Сарандон го објави апсењето на Твитер.
Трамп е под силен притисок поради неговата политика на “нулта толеранција” и поделбата на семејствата на мигранти.
Тој беше принуден да направи некои отстапки, но инсистираше на тоа дека илегалните мигранти нема да бидат дозволени во земјата.