Протести во Грција по повод годишнината од железничката несреќа во која загинаа 57 лица

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Во Грција денеска беа организирани протести ширум земјата, на кои беа запрени возовите и траектите, по повод една година од железничката несреќа во која загинаа 57 лица, кога патнички воз се судри со товарен воз, пренесува АП.

Услугите на јавниот транспорт во Атина биле нарушени поради денешниот протест, бидејќи синдикатите се залагале за дополнително укинување на контролите на платите воведени за време на финансиската криза 2010-2018 година.

Земјоделците и студентите, исто така, организираа антивладини протести во последните недели.

Протестите не влијаеја на летовите откако судот пресуди дека плановите за протести на контролорите на летање се незаконски.

Да потсетиме, железничката несреќа се случи во Темпи на 28 февруари 2023 година околу 23 часот на ноќната линија од Атина кон Солун, кога два воза се судрија со полна брзина. Животот го загубија 57 лица, а во деновите кои следеа по несреќата тагата се претвори во гнев кон власта, што доведе до бројни протести.

Слични содржини