Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата.

И Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија, победник на изборите од 31 март и поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот со соопштенија потврдија дека ќе бидат на листата на повторните избори закажани за 23 јуни.

Протестите во Истанбул беа во реоните Бешикташ, Кадикој и Шишли.