„Terra mystica“ – тоа сме ние. Лесно се трампаме за „фотелји“, станови и автомобили.  Во држава каде животот станал толку тежок улогата на  поезија, сликарство, музиката и belles lettres  станува поголема и тешка. Кога ќе се загуби трансцеденто и се отруе душата се повикува уметноста. Синкертичка свест се крши и започнува борбата. Повеќе од мизерно е да тонеш во наметната „инфамија“ која целосно станува твоја.

protestiram_foto_3

Активистите кои се дел од движењето „Протестирам“, по долги години во државата покажаа како се гради и за што  служи културата. Прикажување на вистината која боли е една од функциите на уметноста. Тоа добро го знае и директорката на театарот Комедија, и сите други директори во Македонија. Не ни чудно што големиот Бранислав Нушиќ го предизвикала и исплашила сопствената „Госпоѓа Министерка“. Ете, тоа е проблемот за директорите на институциите на културата. Режимот е појак од вашите желби и волја за дејствување. Замислете Семјуел Бекет никогаш да не ги поставел на сцена „Чекајќи го Годо“, „Не јас“, „Доаѓање и одење“.

Ако имате желба да се занимавате со авангардна уметност, тогаш најдобриот перформанс е движењето „Протестирам“. Да бевте доволно „отворени“, ќе бевте свесни што значи нивниот упад во „вашата“ претстава.  За тоа е театарот. Ова е уште еден индикатор дека актер и директор немаат ништо заедничко. Кога актер станува политички функционер тогаш ја губи сопствената егзистенција, бидувањето уметник. Тоа е тешко и за жалење.

Од движењето „Протестирам“ во свесно развиена демократија се снимаат репортажи, документарци, се инспирација за сценарио. Ете, тоа е движењето „Протестирам“ кое донесе, освестување и храброст. Стравот да  се биде граѓани е она кое што се победува. Тоа е првиот чекор кон градењето на општество кое прогресира.

Македонците имаат држава, имаат институции – само немаат живот ослободен од „катанци“. Таква „сурова“ Македонија нема што да понуди, само преживување. Активистите од „Протестирам“ не испраќаат порака до поединци туку овозможуваат и отвараат простор за враќањето на достоинството и интегритетот. Зар тоа ги плаши умислените „monster sacre“.

Театарот е за и на луѓето. Уметноста го менува и руши закоравеното, гнилото, површното. Од тука пораката на активистите е јасна. Егото кое хипертофира мора да се сруши. Радоста не е за поединци. Таа е за сите. Тоа е целта  и суштината на демократијата, да се биде ослободен во „слободата“.

Вероника Камчевска

Слични содржини