Против Палевски имало повеќе кривични од 2000 година: Недозволено држел оружје, омаловажувал полицаец…

од Nikola Popovski
319 прегледи

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше за претходните прекршочни и кривични пријави против убиецот на малата Вања и 74-годишниот Панче Жежовски. Според објавеното против Љупчо Палевски-Палчо имало повеќе поднесени пријави.

-Во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, посочија од полицијата.

Палевски е основач на политичката партијата Десна. Пред три години, во септември 2020 година, од неразјаснети причини, беше физички нападнат со метални шипки од непознати лица. На нападот му претходеа јавни објавувања на прислушувани телефонски разговори за кои во неговиот дом беа правени претреси од МВР, а по неколку месеци, во март 2021 години, против Палевски беше поднесено обвинение за оддавање службена тајна.

Слични содржини