Противкандидатот на Ердоган: „Ќе донесам слобода и демократија во Турција“

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Кандидатот за претседател на Турција, Кемал Киличдароглу, кој е поддржан од шест опозициски партии, изјави дека доколку победи ќе донесе слобода и демократија во Турција.

„Младите сакаат демократија. Тие не сакаат полицијата да им доаѓа на врата рано наутро само затоа што нешто објавиле на Твитер“, изјави Киличдароглу за Би-Би-Си.

Противкандидатот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на изборите на 14 мај им порача на младите дека можат слободно да го критикуваат.

Слични содржини