Противпожарниот авион на ДЗС се врати во служба по редовен сервис

од Марта Пешевска
26 прегледи

Еден од авионите за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) – моделот Air Tractor AT-802A Fire Boss со ознака Z3-BGV – денеска се врати на Меѓународниот аеродром „Скопје“, по успешно завршената годишна техничка инспекција и сервисирање.

Сервисирањето е спроведено во согласност со договорот за одржување и поправка на воздухоплови и резервни делови, каде што се вклучени и дополнителни, нерутински зафати што може да се појават за време на контролата. Целиот процес е извршен од овластена организација за одржување според европските стандарди (EASA Part-145), која гарантира безбедност и техничка исправност на воздухопловот.

Инспекцијата и сервисирањето се завршени навреме, во предвидениот рок од 60 дена, како што е предвидено во техничката спецификација од договорот. Со тоа, авионот е повторно подготвен да учествува во мисиите за гаснење пожари низ земјата.

Слични содржини